6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги надмина сите очекувања

Германија ги надмина сите очекувања

123202127158774eb798f36248366793_w640

Германската економија порасна за 1,9 проценти во 2016 година, што е најсилното темпо на раст во последните пет години и напредок во однос на 2015 година.

Тоа го покажаа прелиминарните податоци на германската статистичка канцеларија.

Добрите резултати на најголемата европска екномија се должат на растечката лична потрошувачка и зголемената потрошувачка на државата на бегалците, со што е неутрализиран слабиот придонес на трговијата поради помалата побарувачка во клучните трговски партнери на Германија и на пазарите во развој, пренесува агенцијата Ројтерс.

Економистите кои ги анкетираше британската агенција очекуваа раст на БДП од 1,8 проценти во 2016 година, по растот од 1,7 проценти во 2015 година и 1,6 проценти во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП