25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на туристите зголемен за 5.7%

Бројот на туристите зголемен за 5.7%

turizam-makedonija-60056

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2016 година изнесува 44 162, а бројот на ноќевањата изнесува 97 980.

Бројот на туристите во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.4%.

Бројот на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 5.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 7.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.1%.

Во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските има зголемување за 4.8%.

Во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9%, а кај странските има
зголемување за 1.2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП