19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија размислува да воведе такса од 1.000 фунти за секој работник од...

Британија размислува да воведе такса од 1.000 фунти за секој работник од ЕУ

velika-britanija-britanija

Британската влада ја разгледува можноста за воведување на такса од 1.000 фунти за секој работник од ЕУ, кој британските работодавци ќе го ангажираат по напуштањето на Велика Британија од ЕУ.

Британскиот министер за имиграција Роберт Гудвил пред Горниот дом на британскиот Парламент, изјави дека се размислува за такса за работниците од ЕУ.

Гудвил рече дека тоа ќе биде програма која ќе им дозволи односно ќе им овозможи на земјоделците да добијат краткорочни, сезонски договори за работа во Велика Британија.
Велика Британија веќе се зголеми даноците за работниците од земјите кои не се членки на ЕУ и тие ќе стапат на сила во април.

Работниците од 27 земји членки на ЕУ сега имаат право да живеат и работат во Велика Британија, но тоа ќе се промени кога државата ќе биде надвор од Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП