1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: До 25-ти јануари збирна пресметка за исплатени приходи и придонеси

УЈП: До 25-ти јануари збирна пресметка за исплатени приходи и придонеси

danocnata prijava000

Управата за јавни приходи (УЈП), информира дека 25. јануари е последниот ден кога компаниите имаат обврска на работниците да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси за минатата година.

Издавањето на збирната пресметка е законска обврска врз основа на која граѓанинот ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

УЈП денеска соопшти дека доколку компаниите до 25.јануари не ги издадат овие збирни пресметки за вработените предвидена е глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице ќе му биде изречена глоба во износ од 30 проценти од одмерената глоба за даночниот обврзник.

„Исплатувачите кои извршиле исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај “ПДД-ГИ“, информира Управата за јавни приходи.

danocnata prijava001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП