
Грција пред неколку часа започна да ги пропушта тешките товарни возила кои стоеја на меѓупросторот на македонско-грчката граница, кај преминот „Евзони“, а кои беа запрени заради лошите временски услови на патиштата во северна Грција, информира македонската полиција.

