6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМрачната историја на семејството Рокфелер во 10 точки

Мрачната историја на семејството Рокфелер во 10 точки

рок1

Рокфелерови не се збогатиле како добри луѓе. Всушност, тие ја користеле секоја прилика за да крадат од други. Така ова семејство ги стекнало Далут, Месаби и Северната Железница.

10. Бескрупулозно богатење

Како што пишувало во весниците во 1911. година, изворните сопственици на железницата само што завршиле со положување на пругата. Тие сакале да градат терминали, но им недостасувале пари. Тука на сцена стапил Гејтс, човек кој управувал со добротворните донации на Рокфелерови. Гејтс тогаш им објаснил на сопствениците дека Џон Д. Рокфелер ја следел изградбата на нивната железничка пруга и дека ќе им позајми пари. Луѓето прифатиле заем од 420.000 долари. Два месеци подоцна Рокфелер им кажал дека мора да му ги вратат парите поради некој “финансиски срам”, па морале да му ја предадат пругата.

9. Работниците и плаќањето

Џон Д. Рокфелер немал многу високо мислење за луѓето кои работеле за него. Неговиот близок соработник во 1913. година јавно признал дека не веруваат во концептот за минимална плата и дека секое дете, секој маж и жена, заработуваат точно колку што вредат.

рок1

8. Масакр во Лудлов

Во 1914. година рударите почнале да протестираат. Рудниците биле опасни, платата била мизерна, и што е полошо, плата добивале во бонови кои можеле да ги трошат само во продавници на Рокфелер. Кога започнале со штрајк, Рокфелер помладиот пратил вооружени мажи да го разбијат штрајкот. Единаесет деца, две жени и неколку мажи изгореле во шатори, кои биле запалени од платениците на Рокфелер.

7. Жени и деца во страв

По тој масакр се повеќе жени и деца меѓу вработените на Рокфелер живееле во страв. Дон Мекгрегор запишал дека децата често пати бегале од него затоа што бил странец. Возрасните знаеле дека тој е на нивна страна, но децата не. Тие ги слушнале приказните за Лудлов.

рок3

6. Објави на лажни вести

По Масакрот во Лудлов, на Рокфелерови им биле потребни сите можно добри вести. Поради тоа основале списание, а се здружиле и со Рандолф Херст, моќен новинарски издавач, за да објавуваат само добри работи за нив и опасно лажеле за противниците.

5. Ги држеле рударите во сиромаштија

Џон Рокфелер помладиот во 1915. година одлучил да посети еден рудник, за да покаже дека и тој е само смртник. Посетата била тотален пропаст. Освен што се уморил од пет минути работа и преспал во рудникот, на рударите не им се допаднал па повеќето го игнорирале.

рок2

4. Мешање во образованието

Џон Д. Рокфелер трошел големи пари на високото образование за да го примири јавното мислење. Преку својата фондација финансирал образовни институции и тоа исклучиво со конзервативен предзнак. Најголеми идејни непријатели му биле идеите за синдикатите и организираната работа.

3. Не ја финансирал војната

За време на Првата светска војна, сојузничките сили се обидувале да го финансираат бруталниот судир. И додека сите богаташи ги нуделе своите пари, Рокфелер одбивал да им даде заем на Британците или Русите.

2. Избегнување на даноци

Уште во текот на Првата светска војна, Рокфелер во својата фондација имал 100 милиони долари. Од тоа заработувал 6 милиони долари годишно, на кои не плаќал никаков данок. И додека фондациите требало да финансираат само добротворни цели, на негава сметка доаѓале многу обвиненија дека троши пари за своја цел.

рок4

1. Проблемите на искрениот човек

Американскиот конгрес барал Рокфелер да објасни зошто константно ја покачувал цената на горивата. Тој го загубил трпението и рекол дека само понудата и побарувачката ја диктираат цената. На Американците горивото им било неопходно и биле подготвени да ја платата цената која Рокфелер ја формирал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП