19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите со најскап и најевтин бензин и каде е Македонија?

Земјите со најскап и најевтин бензин и каде е Македонија?

benzata00

Просечната цена на бензинот во Македонија во периодот од 3-ти октомври 2016-та година до 9-ти јануари 2017-та година е 63.17 денари, покажуваат податоците на сајтот „GlobalPetrolPrices.com“.

Изразена во долари, просечната цена на бензинот кај нас е 1,15 долари, што ја става земјата на 73-то место во светот.

Најниската цена на бензинот била на 14-ти ноември 2016-та година – 60.00 денари, а највисока на 26-ти декември 2016-та година – 66.50 денари. За споредба, просечната цена на бензинот во светот во овој период е 66.44 денари. На Балканот бензинот е поевтин единствено во Босна и Херцеговина (1.02 долари) и Бугарија (1.11 долари).

Најевтиниот бензин во светот е во Венецуела – 0,01 долари за литар. И покрај економскиот колапс во латиноамериканската земја, владата продолжува да вложува напори да го субвенционира користењето на горивото.

Следните четири држави со најевтина нафта се исто така големи производители од Централна Азија, Северна Африка и Блискиот Исток. Во Саудиска Арабија се плаќа 0.24 долари за литар бензин, во Туркменистан – 0.29 долари, во Алжир – 0,32 долари, а во Египет – 0,35 долари.

benzata01

Во Хонг Конг е најскап бензинот – 1.93 долари, или околу 200 пати повеќе од цената во Венецуела. Причината се високите даноци, високата цена на имотите и другите оперативни трошоци.

На второ место е Норвешка со 1.86 долари. Изненадувачки е дека таа е меѓу најголемите производители и извозници на нафта во светот, но Нордиската држава има строга политика за поддршка на животната средина со која го стимулира користењето на градскиот транспорт.

Поради тоа властите имаат воведено серија од даноци, кои го прават многу скапо возењето на приватен автомобил. Приходите од извозот на нафта одат во Норвешкиот државен фонд, кој цели да ја диверзификува економијата на земјата, за да е подготвена за денот кога нафтените резерви ќе се исцрпат.

Третото место за најскап бензин во светот е за Исланд со 1.75 долари, а изненадувачки четвртото место го држи Грција со 1,65 долари, и покрај финансиската криза во земјата. Нашиот јужен сосед беше подложен на притисок од кредиторите да ги зголеми значително даноците за да ги поправи јавните финансии.

Грција го дели четвртото место со Холандија, Монако и Израел, кои исто така плаќаат 1,65 долари за литар бензин.

Данска, Италија и Шведска ги дополнуваат топ 10 односно со 1,63, 1.62 и 1.58 долари за литар бензин. Во Турција и Словенија бензин чини 1.38 долари, во Хрватска – 1,37 долари, во Албанија – 1.35 долари, во Србија и Романија – 1.18 долари, а во Бугарија – 1.11 долари, покажуваат податоците на „GlobalPetrolPrices.com“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП