Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Бројот на азиланти во Германија во 2016 година опаднал за две третини

Време: 10:14

Датум: јануари 12, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

19566768_303

Германија примила 280.000 нови барања за азил во 2016 година, што е за две третини помалку од рекордната цифра 890.000 во 2015 година, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Од јануари до декември 2016 година, најголемиот број барања за азил поднеле државјани на Сирија, 36 отсто од вкупниот број, потоа следуваат државјани на Авганистан со 17 отсто, и Ирак со 13 отсто од вкупниот број.

„Ова е доказ дека мерките на германската влада и на Европската унија функционираат, приливот на мигранти може да се регулира и контролира,“ рече Де Мезиер.

Доаѓањата на мигранти во Германија нагло опаднаа минатата година со прекинот на „балканската мигрантска рута“ во март и со постигнувањето на спогодбата меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција со цел да се сопре нивното доаѓање преку Егејско море и Грција.

Де Мезиер наведе дека бројот на одбиени барања за азил и азиланти кои ја напуштиле Германија е зголемен, иако германските власти сеуште не се задоволни со таквиот број.

„Вкупно 80.000 луѓе самоволно ја напуштиле Германија или биле депортирани,“ рече министерот.

Според најнови официјални податоци, минатата година биле поднесени 745.545 барања за азил, што е 268.869 повеќе во споредба со 2015 година. Најголем број се Сиријци, односно 268.866 барања.

Канцеларката Ангела Меркел, која оваа година ја чекаат избори, вети национален напор кој ќе обезбеди враќање на оние кои немаат право на престој во Германија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • TI: Сопствениците јавни само во една држава

    TI: Сопствениците јавни само во една држава

    Групата од 20 индустриски и земји во развој (G20) за 2 години бавно напредува со подобрувањето на законските мерки за обезбедување транспарентност. Ова е заклучок…

  • Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Сараевo Бизнис Форум, кој ќе се одржи оваа година на 25 и 26 април во Сараево (БиХ), ќе понуди бројни атрактивни теми за бизнис заедницата…

  • Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Во завршницата од дводневната агенда на првиот Дигитален самит на Западен Балкан министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за информатичко општество и администрација,…

  • Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грчкиот фонд за приватизација (HRADF) го објави почетокот на продажбата на мнозинскиот удел во „Hellenic Petroleum“. Во продажба ќе бидат понудени не помалку од 50,1%…

  • Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на Дигиталниот самит, во рамките на „Натпреварот за убедување“, имаа можност да ги презентираат…

  • Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Натпревар во бизнис-идеи на стартап-фирми на Дигиталниот самит во Скопје

    Десет стартап-компании од шест држави од регионот ги претставија своите бизнис-идеи на „Натпреварот за убедување“, што се одржува денеска на Саемот на ИТ-фирми во рамките…

  • МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    МЕПСО и екологистите поставуваат платформи за гнездење на царскиот орел

    Електромонтерите на МЕПСО, во соработка со активисти на здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, поставуваат 10 нови платформи за гнездење на царскиот орел…

  • ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    ММФ доби конкуренција, Германија стравува поради ЕМФ

    Канцеларката Меркел ја поддржува идејата за воспоставување на Европски монетарен фонд (ЕМФ), под услов националната влада да има надзор во неговото функционирање. Имено, германските конзервативци…

  • Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Речиси 50% од биткоин „трејдерите“ нема да ја пријават својата добивка

    Значителен број на инвеститорите одлучија да не го пријават профитот од тргувањето со дигитални валути, според една студија објавена во „MarketWatch“. Според истражувањето спроведено од…

  • Индеските во плус поради растот на суровините!

    Индеските во плус поради растот на суровините!

    На Азиските пазари, индексите најголем раст забележаа во енергетскиот и рударскиот сектор, бидејќи, растот на нафтата предизвика поскапување на другите суровини. Азискиот индекс „MSCI AC“…