3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Весела е година, голем клас на нива“ - проекција на етнолошки документарни...

„Весела е година, голем клас на нива“ – проекција на етнолошки документарни филмови

boc-pokana

Во пресрет на празникот Василица во Музејот на Македонија, во четврток, во 11 часот ќе се одржи проекција на етнолошки документарни филмови насловена „Весела е година, голем клас на нива“.

Во таа пригода ќе бидат прожектирани три филмови поврзани со обредите со маски од домашна и странска продукција. Тоа се филмовите „Си било еднаш во долината Фиеме“, 20 мин., Италија, 2009 година, режија Микеле Трентини; „Еден ден во Агнита“, 10 мин., Романија, 2010 година, режија Микеле Трентини и „Возот за Мартолци“, 15 мин. Македонија, 2003 година, режија Владимир Боцев. Проекцијата ќе биде проследена со дискусија за филмовите и обичаите на кои тие се однесуваат.

Овој настан се реализира во организација на д-р Владимир Боцев, кустос советник во Етнолошкиот оддел при Музејот на Македонија, кој е и автор на еден од филмовите.

Нова година, Василица, време на обреди со маски. Време кога се уриваат воспоставените норми на секојдневното живеење. Време кога она за кое што знаеме дека е на врвот на општеството е на самото дно, а она за коешто сите сме убедени дека е долу, е горе. Период во кој престануваат да важат. општо прифатените правила за „добро“ однесување, забраните, табуата. Во периодот на Василица се ослободува сета позитивна и негативна енергија акумулирана низ изминатата година и секој може да каже и покаже се што сака. Иако обредите во овој период содржат пракси на маскирање, однесување и преоблекување, кои секоја година се повторуваат, односно, поврзани се со нивното традиционално изведување, тие содржат и маса на импртовизации кои зависат од креативноста и умешноста на учесниците, а кои им даваат свежина и ги прават постојано интересни и забавни за заедницата во која што се практикуваат.

Денес обредите се повеќе претставуваат маркери на идентитетот на определена група, додека пак желбата да се постигне плодност, здравје и благосостојба се повеќе се турка во втор план. Со други зборови се повеќе се истакнува нивнато општествено значење на сметка на религиозното, пишува д-р Владимир Боцев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП