7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈапонската влада бара отповик на возилата на Мицибуши

Јапонската влада бара отповик на возилата на Мицибуши

36_1.34

Јапонскиот министер за сообраќај апелираше до компанијата Мицибуши да го забрза отповикувањето на возила, нагласувајќи дека овој производител веќе две години го одложува се со цел да го пронајде проблемот кој доведува до течење на маслото. Поради тоа тие направија четири отповикувања во периодот од 2010-та до 2012-та година во кои беа опфатени вкупно 1.76 милиони возила.

Деловниот имиџ на овој производител значително е загрозен кога во текот на 2000-та година беше објавен скандал во кој се потврди дека компанијата дваесет години ги криела поплаките на корисниците, што покажало дека Мицибуши од секогаш имал проблем во секој аспект поврзан за отповикување на возила.

Во рамките на неговата истрага министерот пронајде седум нови проблеми поврзани со споменатиот период, па поради тоа го обвини производителот за одложувањето како и неточните информации кои на нему му ги презентирале.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП