11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради реконструкција три месеци нема да работи Градска болница

Поради реконструкција три месеци нема да работи Градска болница

gradska-todorov33

Од септември наваму се реконструира третиот кат на старата градска болница во Скопје „Свети Наум Охридски“ во центарот на градот, а кога работата ќе се префрли на подолните катови, каде се операционите сали на сегашната Универзитетска хируршка клиника, таа нема да работи три месеца.

Директорката на болницата Јасминка Чабуковска­ Радуловска појасни дека во моментов во завршна фаза на реконструкција е третиот кат, а кога градежните работи ќе се префрлат на подолните спратови каде што се операциските сали, Универзитетската клиника по хируршки болести нема да работи три месеци.

„Во договор со Министерството персоналот во тие три месеци ќе биде прераспределен во други установи“, рече Чабуковска­ Радуловска.

Со реконструкцијата на внатрешноста на старата градска болница „Свети Наум Охридски“, во која повеќе од 80 години ништо не е променето, ќе се подигне стандардот на негата и услугата на болницата, рече министерот за здравство Никола Тодоров при увидот на градежните работи во болницата кои започнаа во септември минатата година.

„Имаме комплетна темелна реконструкција на внатрешноста односно на собите, ходниците, салите и интезивната нега, а ќе се изградат и тоалети во поголем дел на собите, со што ќе се подобри стандардот на нега и услугата во болницата“, рече Тодоров.

Реконструкцијата ќе чини два милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра со кои се опфатени поголем број здравствени установи во државата, а треба да заврши оваа година.

За подобрување на услугата во болницата, Тодоров рече дека досега 28 доктори се испратени на едукација во странство, 21 се на специјализација, од кои во моментов двајца се во странство.

Во болницата во 2015 година имало 280 илјади пациенти, а минатата година во „Градска“ помош побарале 316 илјади пациенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП