3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија ги намалува буџетските трошоци за 20 милијарди долари

Саудиска Арабија ги намалува буџетските трошоци за 20 милијарди долари

arabija-39393

Саудиска Арабија работи заедно со „PricewaterhouseCoopers“ (PwC), за да ја поништи исплатата на околу 20 милијарди долари на различни проекти. Арапското Кралство го прави тоа за да ги заздрави своите финансии, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на двајца луѓе, запознаени со темата.

Министерот за економија и планирање ја најмил консултантската компанија, за да ги разгледа владините договори во вредност од 69 милијарди долари, целта е да се скратат трошоците за нив со околу една третина, велат извори кои посакале анонимност.

Меѓу засегнатите се договори доделени од министерствата за домување, здравство и за образование. Улогата на „PwC“ ќе вклучува уште советување за тоа како да се намалат трошоците за дадени проекти или како тие да бидат приватизирани.

Најголемиот извозник на нафта во светот се стреми да ги ограничи трошоците, за да успее да го ограничи буџетскиот дефицит, кој минатата година достигна речиси 80 милијарди долари поради падот на цената на нафтата. Кралството создаде единица која треба да ги ограничи владините трошоци.

Минатата година властите создадоа и Национална канцеларија за управување со проекти, за да ги контролира капиталните трошоци и за да обезбеди ефикасно спроведување на владините проекти.

Од „PwC“ одбија да коментираат на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП