21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови несогласувања меѓу Атина и кредиторите

Нови несогласувања меѓу Атина и кредиторите

11270259945860ecf986633664289362_w640

Преговорите за новите мерки кои официјална Атина би требало да ги спроведе во рамките на пакетот помош, би можело да бидат поместени за неколку недели.

Одложувањето би можело да следи поради несогласувањата со кредиторите за предлог реформите на работното законодавство и уште неколку прашања, изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Цанакопулос.

Тој, во изјавата кажа дека двете страни на 26-ти јануари на состанокот со министрите за финансии на евроозната ќе имаат „појасна слика“ за тоа во која фаза се наоѓаат преговорите, пренесува американската агенција АП.

Како што додаде, грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос во среда ќе отпатува во Париз со цел да се сретне со францускиот колега Мишел Сапен за да разговара за спасувачкиот пакет помош за Атина.

Грција и нејзините кредитори планираа до крајот на 2016 година да постигнат договор но владата во Атина го отпиша предлогот на кредиторите за либерализација на пазарот за труд како „нерационален“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП