21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАPolitico: Продажбата на империјата Трамп ќе го чини пари, многу пари

Politico: Продажбата на империјата Трамп ќе го чини пари, многу пари

trump-news

Критичарите на Доналд Трамп велат дека единствениот начин да ги одвои неговите бизнис интереси од интересот на јавноста е едноставно да излезе од бизнисот во целост, да ги продаде своите компании, а приходите да ги стави во анонимен имот или средства кои што ќе ги управува некој друг, пишува Politico.

„Но, нема ништо едноставно во тоа: празнење на големата империја недвижности на Трамп ќе биде долг, комплициран процес полн со етички стапици, а некои од таквите етички замки на крајот би можеле да го чинат неговото вкупно богатство.“

„Тој мора да напарви избор“ вели Дејвид Рајс, директор на Бруклин Центар за урбанистичко бизнис претприемаштво и додава дека се зависи од тоа „колкава болка е подготвен да издржи“.

Трамп, кој се очекува на прес конференција во среда да го претстави планот во врска со кофликтот на интереси, е на чело на огромен имот.

Forbs проценува дека неговиот имот има нето вредност од околу 3,7 милијарди долари во септември, а најголемиот дел од ова се припишува на фондовите на недвижности, договори за партнерство, договори за управуавње, брендирање и даночни разграничувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП