26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде e најниска и највисока невработеноста во ЕУ?

Каде e најниска и највисока невработеноста во ЕУ?

rabota-ger

Невработеноста во ЕУ достигна најниска вредност по речиси 8 години, станува јасно од податоците на „Еуростат“. Таа е на ниво од 8,3% до крајот на ноември, откога се последните објавени податоци. Месец порано невработеноста беше на ниво од 8,4%, а пред една година – 9 отсто.

Луѓето без работа во рамките на еврозоната се 9.8%, без промена во однос на месец порано, но со значително намалување од 30-ти ноември 2015-та година, кога невработеноста достигна 10,5 отсто.

Според последните податоци на „Еуростат“, вкупно 20.4 милиони мажи и жени во ЕУ се без работа, како од нив 15.8 милиони луѓе се во еврозоната. Наспроти октомври 2016-та година намалувањето е од 41.000 во ЕУ и 15.000 луѓе во еврозоната.

Падот во однос ноември 2015-та година е од 1.5 милиони луѓе во ЕУ и 972.000 во еврозоната.

Најниска е невработеноста во Чешка и Германија, а највисока во Грција, Шпанија и Кипар.

rabota-ger1

Најниска во моментов е невработеноста во Чешка и Германија, односно на ниво од 3,7 и 4,1 отсто. Највисока е таа во Грција и Шпанија, каде што бројот на луѓето без работа по последните податоци е 23.1 и 19.2 проценти.

Наспроти една година порано намалување на невработеноста се забележува во 24 земји од ЕУ, додека раст има во Естонија, Кипар, Данска и Италија. Најголем пад пак има во Хрватска, каде што падот е од 15,7 на 11,4 проценти.

Потсетуваме дека невработеноста во САД кон крајот на ноември 2016-та година е на ниво од 4,6 отсто, во споредба со 4.9% пред еден месец и 5% пред 12 месеци.

Вкупниот број на невработени млади во ЕУ (луѓе под 25-годишна возраст), е 4.2 милиони луѓе, а од нив 3 милиони се во еврозоната. Овој процент е највисок во Грција (46.1%), Шпанија (44.4%) и Италија (39.4%), а најнизок во Германија (само 6.7 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП