5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОптимизам на првиот работен ден од трговската седмица на Македонската берза

Оптимизам на првиот работен ден од трговската седмица на Македонската берза

berza

Првиот работен ден од трговската седмица на Македонската берза за хартии од вредност започна со многу оптимизам.

Се тргуваше со седумнаест хартии од кои дури дванаесет забележаа раст на цената, четири беа во минус и само една хартија се тргуваше без промена на цената во однос на претходниот трговски ден.

Вкупниот промет изнесуваше 4,8 милиони денари и се реализираше преку 77 трансакции.

Најтргувана беше акцијата на Македонијатурист со промет од два милиона денари, или количество од 547, по цена 3.797,44 денари. Следеа акциите на Стопанска банка Скопје со промет од 0,79 милиони денари,на Макпетрол со 0,5 милиони, на РЖ Макстил со 0,3 милиони) итн…

Според порастот на просечната цена на тргување, во понеделникот најголема промена забележаа акциите на Окта, од 7,77 отсто, на Охридска банка од 7,44, а следеа и акциите на ФЗЦ 11 Октомври со раст од 7,14 проценти, на Стопанска банка Скопје која скокна за 5,37 отсто, а акцијата на НЛБ Банка доби дополнителни 4,15 отсто.

Губитник на денот беше акцијата на Осигурување Македонија Скопје, со пад на цената од 9,98 отсто и истргувани 50 лотови по цена од 1.506 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП