17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските граѓани ќе можат без виза да патуваат и во Белорусија

Македонските граѓани ќе можат без виза да патуваат и во Белорусија

minsk3993

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во понеделникот потпиша декрет со кој се воспоставува безвизен влез и излез на странски државјани на 80 земји, меѓу кои и Македонија, за престој не подолг од пет дена, соопштуваат од белоруското министерство за надворешни работи.

Во документот се утврдува безвизен влез за Белорусија за период не подолг од пет дена, преку граничниот премин на националниот аеродром во Минск. Декретот се однесува на 39 земји во Европа, вклучувајќи ја и целата Европската унија, како и Бразил, Индонезија, САД, Јапонија и други земји.

Документот е во насока на подобрување на условите за бизнис патниците, туристите и лицата со редовен пасош, и тој ќе стапи на сила еден месец по неговот објавување додаваат од белоруското МНР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП