22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманското индустриско производство бележи раст во ноември

Германското индустриско производство бележи раст во ноември

deindu-00

Германското индустриско производство се зголемува во ноември и сигнализира дека најголемата економија во Европа е завршена годината во стабилна основа, соопштува „Bloomberg“.

Сезонски прилагодените податоци покажуваат дека производството се зголемува за 0,4% на месечна основа. Претходниот месец зголемувањето беше 0,5%, покажуваат податоците на Министерството за економија на земјата. Очекувањата на економистите анкетирани од „Bloomberg“, беа за раст во висина од 0,6%. Сепак „Bloomberg“ наведува дека показателот обично е нестабилен.

Одделен извештај на Федералната статистичка служба „Destatis“ покажа дека извозот се зголемува за 3,9%, а увозот е со 3,5 отсто на месечна основа во ноември.

„Германија се справува добро – економијата расте доволно брзо за да го поддржи вработувањето, и доволно бавно, за да избегне силен инфлациски притисок“, вели Андреас Шојерле, економист во „Dekabank“ во Франкфурт.

Индустриското производство е поддржано од 1,5% раст во градежништвото. Индустријата забележа 0,4% зголемување, а производството на енергија се намалува за 0,4%. Општо земено на годишна основа индустриското производство се зголемува за 2,2 отсто.

deindu-01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП