16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Суровините кои најмногу профитираа и загубија во 2016-та

График на денот: Суровините кои најмногу профитираа и загубија во 2016-та

surovina333

2016-та година беше година на подеми и падови за суровините, но на крајот работите како целина завршија позитивно за нив, коментира „VisualCapitalist“.

Индексот за суровините „S & P Goldman Sachs Commodity Index“ (GSCI) забележа раст од 10,1% за годинава, со што го надмина со малку реперот „S & P 500“, кој ја завршил годината со поврат од 9,5%.

Најпрофитабилните за годината беа простите метали и нафтениот и гасниот сектор.

Во однос на простите метали, железната руда и цинкот се претставија најдобро меѓу суровините во 2016-та година. Железото заврши со раст од 81%, што е неговата прва годишна добивка од четири години. Во исто време цинкот го постигна зголемувањето од 65,7% за годинава, откако големи цинкови рудници беа затворени, а резервите се стопија.

Нафтата и природниот гас забележаа извонредно враќање во 2016-та година. Природниот гас постигна годишен раст од 58,5%, нафтата сорта Брент – од 52,4%, а најмалку се претстави американската сурова нафта со зголемување од 44,9%.

Општо земено тоа беше прилично нестабилна година, но очигледно најлошото од кризата на енергетските цени е готово.

Не сите суровини во енергетскиот сектор сепак ја имаа таа среќа.

Ураниумот го продолжува епот на пад со пад од 41,6% за годинава. Во моментов тој се тргува за 20,25 долари за фунта, што е незначително во однос на претходните негови врвови од над 100 долари за фунта во 2007-ма година.

Јагленот исто така се претстави лошо, или барем во Северна Америка, каде што ја заврши годината со намалување од 7,7%. Јавно тие ќе продолжат да бидат непопуларен избор за енергетските компании во САД и Канада.

surovina334

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП