Обемот на инвестициите во деловен простор во Скандинавските земји оствари нов рекорд во 2016-та година. Растот на трансакциите се турка главно од шведскиот пазар и зголемената активност во станбениот сегмент, покажуваат податоците на консултантската компанија „Pangea Property Partners“, цитирани од онлајн изданието „property-magazine.eu“.
Обемот на инвестициите во регионот надминува 43 милиони евра за 2016-та година, покажуваат податоците на компанијата. Тоа е за 8% повеќе во споредба со 2015-та година и највисоко ниво, регистрирано некогаш за овие земји.
Вкупниот удел на инвестициите во Скандинавските земји веќе се приближува до 20% од вкупниот обем на инвестициите во деловен простор во Европа како целина и се зацврсти како најбрзо ликвиден пазар, коментираат од компанијата.
Обемот на трансакциите во Шведска достигнува 22,2 милијарди евра за 2016-та година, што е за 42% повеќе во споредба со 2015-та година и за прв пат го надминува претходниот рекорд забележан во 2007-ма година.
Солидниот раст на инвестициите се евидентираат и на пазарите во Норвешка, Финска, каде што исто така се подобрува претходниот рекорд, како и Данска.
Најголем обем на инвестиции минатата година привлече станбениот сегмент од пазарот – 29% од сите трансакции во регионот. Следат канцелариите со 27% и трговските површини со 18%. Просечната големина на една трансакција достигнува од 43 милиони до 46 милиони евра.
Инвеститорите се привлечени од станбениот сегмент на пазарот поради недостигот на понудата што ги турка нагоре и цените. Хоризонтот на инвеститорите продолжува да се проширува, а тие стекнуваат и повеќе секундарни средства.
Главните купувачи се јавните фондови за недвижности и големите институционални инвеститори. Истовремено приватните фондови за имот, општините и други се нето продавачи на средства.