5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Еврото беше грешка, прашајте ги Британците“

„Еврото беше грешка, прашајте ги Британците“

166368591958726073042ea848868773_w640

Европската унија би требало да го започне процесот на децентрализација со цел земјите членки да имаат право на одлучување, изјави Нобеловецот Оливер Харт.

„Брисел отиде предалеку со централизацијата на моќта, и ако престане со овој тренд, ЕУ би можела да преживее и да напредува. Во спротивно не!“, изјави економистот кој во октомври ја доби Нобеловата награда за економија за придонесот во областа на договорите за трговија.

Исто така тој истакна дека „еврото беше грешка“.

„Воопшто не би било лошо Европа да се откаже од единствената валута“, изјави тој додавајќи дека Британците паметно направиле што гласале за заминување од еврозоната.

Неговото мислење го дели уште еден Нобеловец, познатиот економист Џозеф Стиглич: „Одлуката да се создаде единствена валута без институции кои би ја штителе, беше фатална за еврозоната“, потенцираше тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП