29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа почетокот на неделата европските берзи стабилни

На почетокот на неделата европските берзи стабилни

berzi ey3

Берзите во Франкфурт и Париз во понеделниот забележаа благ пад, додека лондонскиот FTSE достигна ново највисоко ниво во историјата.

STOXX 600 индексот на водечките европски акции бо 9:30 часот беа во минус од 0,1 отсто, по минатонеделниот раст.

Лондонскиот FTSE индекс утрото беше во добивка за 0,3 отсто, на рекордни 7.229 бодови, додека франкфуртскиот DAX и парискиот CAC беа во минус од околу 0,1 отсто.

Новиот рекорд на FTSE најмногу се должи на растот на цените на акциите во рударскиот сектор за 0,3 отсто.

Од друга страна, пак туристичкиот сектор е под притисок поради паѓање на цените на акциите на германскиот авиопревозник Луфтханза за повеќе од 4 отсто.

Подршка на пазарите даваат и рекордните нивоа на S&P 500 и Nasdaq индексот во петокот на Волстрит, со што е продолжен трендот на раст на цените на акциите кој трае од 8 ноември, кога Доналд Трамп победи на американските избори за преседател.

Позитивно влијание на пазарите придонесува и стабилноста на цените на нафтата, додека се пратат вестите за намалување на производството од страна на членките на ОПЕК, во согласност со договорот од ноември минатата година.

Утрово на лондонскиот пазар цената на барел се лизна 0,3 отсто, по растот од 0,5 отсто минатата недела. И на азиските берзи утрово се тргува внимателно, па MSCI индексот на акции азиско-пацифистички, без јапонските утрото е речиси непроменет во одност на петокот. На берзата во Токио поради празниците во понеделникот не се работеше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП