1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБремените и хронично болните да бидат ослободени од работа

Бремените и хронично болните да бидат ослободени од работа

plostad-sneg1-696x522

Министерството за здравство препорача бремените жени и хронично болните лица над 60 години во понеделник и во вторник да бидат ослободени од работа, а за работниците на отворено да се реорганизира работното време, поради екстремно ниските температури кои можат да бидат ризични по здравјето на овие лица.

Работниците, пак, кои што работат на отворено треба да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје.

Од МВР, во неделата соопштија дека во скопската општина Аеродром бил пронајден починат бездомник, најверојатно поради премрзнување.

Од Управата за хидрометеорологија за понеделник најавуваат променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер поинтензивен во Повардарието, а температурата ќе се движи од -10 до -2 степени Целзиусови.

Студенотo време ќе продолжи и во вторник, додека од среда и четврток се најавува постепен пораст на температурата. Ќе настапи краткотрајно и не многу брзо топење на снегот. На крајот на работната недела ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови преодни врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд, велат од УХМР.

Најниска температура во понеделник наутро е регистрирана во Маврово -21 Маврово, -20 Битола, Тетово, Лазарополе, -19 Крушево, -18 Дебар, Прилеп, -17 Пожаране, Куманово, -16 Кр. Паланка, Берово, Ѓуриште, -15 Тополчани, Скопје Петровец, -14 Охрид, Виница, Претор, -12 Скопје, -11 Штип, -10 Д. Капија, Струмица, -8 Дојран, -7 Гевгелија.

Најголема снежна покривка има во Маврово 64 сантиметри, по што следуваат 52 Пожаране, 45 Лазарополе, 35 Тополчани, 27 Берово, Дебар, 26 Тетово, 22 Крушево, а најмалку во Демир Капија 7 сантиметри снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП