2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАBlackBerry ја објави цената за Q10

BlackBerry ја објави цената за Q10

blackberry-q10-ofic

„BlackBerry“ ги објави цените и времето за старт на продажбата на „Q10“ на американскиот пазар. „BlackBerry Q10“ е вториот паметен телефон на компанијата со оперативен систем „BlackBerry 10“ (по постоечкиот модел „Z10“), а со физичката тастатура остана верен на оргиналниот дизајн на компанијата.

Голем број на корисници токму поради тастатурата со нетрпение го очекуваат „Q10“, но компанијата со овој уред очигледно не цели на масовниот пазар, туку првенствено на деловните корисници и нешто потесен круг. На пазарот во САД „BlackBerry Q10“ ќе се продава по цена од 249 долари со двегодишен договор, што е воглавном повеќе од конкурентските телефони како што се „Galaxy S4“, „iPhone 5“ или „HTC-One“. На пример „iPhone 5“ исто така со двегодишен договор може да се набави за 50 долари помалку.

„BlackBerry Q10“ ќе се најде во понудата на телеком-операторите „AT&T“, „Verizon“, „Sprint“ и „T-Mobile USA“. Продажбата во САД започнува кон крајот на следниот месец, а уредот во исто време ќе биде достапен и во Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП