Индиската влада соопшти дека бруто домашниот производ БДП на Индија ќе порасне за 7,1 проценти во финансиската година заклучно со март 2017 година, што е побавно од растот регистриран во претходната година.

Растот на БДП во текот на 2016/2017 година ќе изнесува 7,1 проценти, во однос на стапката на раст од 7,6 проценти од 2015/2016 година“, се наведува во соопштението на индиската влада, каде додаваат дека причината за тоа е падот на преработувачките и градежните активности, пренесува агенцијата Франс прес.