7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската централна банка очекува добивка од 24 милијарди франци за 2016-та

Швајцарската централна банка очекува добивка од 24 милијарди франци за 2016-та

svicnacionalbank34

Швајцарската централна банка очекува годишна добивка за 2016-та година од 24 милијарди франци (23,6 милијарди долари), што и овозможува да издвои пари за федералната влада и општината, пишува „Bloomberg“.

Приходите од девизните резерви донеле над 19 милијарди франци, а оние од златните резерви додале уште 3,9 милијарди франци, изјави од Централната банка во понеделникот, повикувајќи се на првичната проценка. Резултатите од минатата година ќе бидат вторите најдобри за изминатата деценија и го свртуваат трендот по рекордната загуба за 2015-та година.

Швајцарската централна банка ќе одвои дивиденда од 15 франци по акција и ќе даде барем 1 милијарда франци на владата и кантоните. Ќе биде направено и дополнително плаќање кон конфедерацијата и кантоните од околу половина милијарда франци врз основа на прелиминарните податоци, велат од банката. Завршните резултати ќе станат јасни на 6-ти март.

Поголемиот дел од средствата на банката се во девизни резерви, акумулирани преку интервенција на финансиските пазари со цел да се спречи поскапувањето на франкот. Бидејќи Швајцарската централна банка не може да ризикува врз овие резерви, таа е изложена на влијанието на валутните флуктуации. Ова, за возврат значи дека нејзиниот годишен профит исто така е нестабилен.

Иако централната банка нема потреба од добивка, за да ја применува монетарната политика, 26-те швајцарски кантони се потпираат на нејзината великодушноста за поддршка на буџетите. Во минатото големите годишни загуби доведоа до политички проблеми за банката.

„Големиот профит на Швајцарската централна банка не е без значење за кантоните“, изјавија економистите од „UBS“, Алесандро Биј и Елиас Хафнер во коментар од минатата недела. За кантоните Гларус, Луцерн, Обвалден, Швиц, Золотурн, Тургау и Ури плаќањата се особено важни, но Женева и Базел се помалку зависни, велат тие.

Централната банка е акционерско друштво, а поголемиот дел од акциите се на кантоните и кантонските банки. Постојат и приватни инвеститори. Во 2013-та година банката не плати ништо на кантоните поради поевтинувањето на златото, иако го компензираше тоа следната година. Во 2016-та година исто така успеа да направи дополнителни плаќања покрај поразот.

Швајцарската централна банка е акумулација на девизни резерви во вредност од 645,3 милијарди франци поради интервенциите. Економистите велат дека таа и дозволила на својата валута да зајакне во однос на еврото во последните месеци, иако зголемувањето на каматните стапки во САД доведе до пад на франот наспроти доларот.

Франкот падна за околу 1,7% во однос на доларот во минатата година и поскапе за околу 1,6% во однос на еврото, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП