25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо последниот месец од 2016 година Македонската берза забележа пад

Во последниот месец од 2016 година Македонската берза забележа пад

makedonska-berza

Во месец декември македонската берза остварила добивка од 309.818.392 денари.

За разлика од ноември кога прометот изнесуваше 439.243.698 денари, последниот берзански билтен за декември 2016 година, покажува дека берзата бележи пад на добивката од 29,47отсто.

Бројот на трансакции изнесува 2.045 и истиот бележи пад од 48,02 отсто.

Најтргувани акции на берзата, во декември, биле акциите на Стопанска банка АД Скопје, со кои се реализирани вкупно 179 трансакции по просечна цена од 925,12 и 37,39 отсто учество на пазарот.

Втори најтргувани акциите се акциите на Комерцијална банка Скопје со кои се реализирани 148 трансакции со 12,49 отсто учество на пазарот и просечна цена од 2.884,94 денари.

На третото место за најтргувани акции во декември на македонска берза се акциите на фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје.

Извештајот покажува дека со хартиите од вредност на Алкалоид АД Скопје се реализирани 99 трансакции со учество на пазарот од 8,69 отсто и просечна цена од 5.368,32 по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП