5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајкот на вработените во метрото го парализира сообраќајот во Лондон

Штрајкот на вработените во метрото го парализира сообраќајот во Лондон

ad_231021251

Милиони лондончани во понеделникот се соочија со сообраќаен хаос, откако вработените во метрото го започнаа 24-часовниот генерален штрајк, пренесува Reuters.

Поради штрајкот повеќето метро станици во центарот на Лондон се затворени, а исто така нема пристап нити од главните станици како што се Викторија, Кингс Крос и Ватерлу.

Понеделничкиот штрајк во метрото, кое дневно пренесува 4.8 милиони патници, започнува недела на сеопфатен штрајк кој ќе ги зафати и патниците со железничкиот и авионскиот сообраќај.

Возачите на железничкиот сообраќај, пак, штрајкуваат во вторник, среда и петок, со што железничките услуги нема да им бидат достапни на илјадници патници кои патуваат од јужниот брег и од аеродромот Гетвик.

Персоналот на авиокомпанијата British Airways пак, поради проблеми со платите ќе штрајкува во вторник и среда.

Штрајкот на вработени во метрото, пак, е поради несогласувањата околу затворањето на билетарите во последните неколку години.

„Денешниот штрајк е целосно непотребен. Штрајкот во метрото предизвикува мизерија за милиони лондончани“, изјавил лондонскиот градоначалник Садик Кан.

Повеќето законодавачи од редовите на Конзервативната партија, пак, ја повикаа владата да донесе нови закони со кои ќе ги намали штрајковите поради тоа што тие ја чинат економијата на земјата милиони фунти и ги нарушуваат имиџот на Лондон како еден од главните светски и финансиски центри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП