7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на државните патишта се одвива отежнато

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато

haos-696x387

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите. На планинскиот премин Плетвар и на патниот правец Маврово – Дебар сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема. Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП