3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ветува добри односи со Русија

Трамп ветува добри односи со Русија

trump

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во саботата вети добри односи со Русија заедно со којашто ќе ги решава светските проблеми, и покрај извештаите на разузнавачката заедница која го обвинува рускиот претседател Владимир Путин за наводно мешање во американските претседателски избори, и истакнува дека само глупавите луѓе би се залагале за влошување на односите со Москва.

„Добрите односи со Русија се добра, а не лоша работа. Само глупавите луѓе или будалите може да мислат дека тоа е лоша“, напиша на Twitter Доналд Трамп кој на 20-ти јануари ќе биде инаугуриран во 45-ти претседател на САД.

„Имаме доволно проблеми во светот без нов проблем. Кога ќе бидам претседател, Русија ќе нé почитува многу повеќе отколку што го чини тоа сега, а двете држави може ќе работат задно во решавањето на некои од големите и итни проблеми во светот“, додава Трамп.

Претходно државниот секретар на САД, Џон Кери, изјави дека администрацијата на новиот претседател Трамп ќе умее да изнајде можности за ефикасна соработка со Русија и надминување на постојните противречности. Кери притоа истакна дека последниве години САД и Русија во голем број области успешно соработувале.

Меѓутоа, американските разузнавачки служби во саботата објавија дел од својот извештај во кои процени го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин дека наводно лично го наредил поткопувањето во довербата во демократските процеси во САД, и наштетување на кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон во полза на републиканскиот кандидат Доналд Трамп која ја порази на претседателските избори на 8-ми ноември.

Путин и руската влада го фаворизирале Трамп и со влијанието на руските медиуми во светот и во САД, пишува во неофицијалната верзија на официјалниот извештај кој му е предаден на американскиот претседател на заминување Барак Обама, а потоа и на Доналд Трамп.

Трамп пред средбата во петокот во Њујорк со челниците на американските разузнавачки служби во прашање повторно го доведе нивното делување, и не откри дали сега се согласува со нивниот извештај. Во сабота го потврди својот став дека демократите ги шират тие тврдења бидејќи се незадоволни од губењето на изборите и за претседател и местата во Конгресот.

„Единствена причина зошто се зборува за слабо заштитената (од хакирања – з.р.) Демократска конвенција (DNC(, е тоа што нивниот пораз беше толку голем што тотално се посрамени“, истакна Трамп во саботата на Twitter.

Всушност, и извештајот на CIA, NSA и FBI наведува дека наводните руски хакери продреле во серверите на Демократската партија и ги украле доверливите преписки меѓу нејзините челници, со други политичари и новинари, подоцна објавувани на WikiLeaks, но дека не иако Москва имала пристап до државните и локални изборни одбори, американските разузнавачи сметаат дека не влијаела врз исходот од изборите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП