18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМногу студено време, минусни температури низ цела Македонија

Многу студено време, минусни температури низ цела Македонија

studeno

Времето во сабота ќе биде променливо облачно и многу студено со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На места ќе провејува слаб снег, а следните денови утринските температури ќе падна и под -20 степени.

Утринските температури се движат од -19 до -8, додека максималните дневни ќе достигнат од -13 до -6 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне -9 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Утринските температури насекаде ќе бидат многу ниски, особено во недела, кога на места ќе се спуштат и под -20-тиот степен, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Студено време со утрински температури под нулата и до –22 Целзиусови степени се очекуваат до наредната недела во четврток.

Според УХМР, во недела утринската температура ќе се движи од -22 до -10 степени, во понеделник од -19 до -7, вторник -17 до -7, среда -16 до -5 и во четврток од -13 до -3 степени.

Дневните температури до вторник ќе бидат во негатива и ќе се движат од -11 до -5 во недела, -10 до -3 во понеделник и -7 до -1 во вторник. Во среда максималната температура ќе се движи од -4 до 2 и во четврток од 0 до 6 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП