6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за сообраќај на регионалниот пат Кратово – Пробиштип

Забрана за сообраќај на регионалниот пат Кратово – Пробиштип

pat

Во саботата од 07:50 часот регионалниот пат Кратово- Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила, додека сообраќајот на патниот правец Крупиште-Пробиштип е нормализиран.

Се нормализира сообраќајот на патниот правец Свети Николе-Куманово. Од 09:30 часот од Велес према Штип и Пробиштип наизменично се пропуштаат возила. Остануваат на сила забраните за тешки товарни возила.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај Младо Нагоричане се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП