Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во петокот ги критикуваше медиумските написи за тоа дека американските даночни обврзници ќе го платат градењето на ѕидот на границата со Мексико, истакнувајќи дека заборавиле да пренесат дека Мексико ќе ги врат парите со коишто САД ќе го започнат тој проект.
„Неискрените медиуми не известуваат за тоа дека парите потрошени на градењето на Големиот ѕид, поради брзината, Мексико подоцна ќе и врати“, порача новиот американски претседател Доналд Трамп преку својот омилен начин на комуникација преку мигроблогот на социјалната мрежа Twitter.
Ва агенциските извештаи од петокот, пак, се истакнува дека по оваа изјава на Трамп мексиканскиот пезос паднал за 0,22 отсто. Оваа валута оваа седмица веќе падна на рекордното ниско ниво откако новиот американски претседател ги критикуваше американските компании кои своето производство го носат во Мексико наместо во САД и го користат бесцаринскиот договор за да ги враќаат производите од американската страна на границата. Последната вредност на мексиканската во однос на американската валута изнесуваше 21,35 пезоси.
Трамп, исто така, напиша дека со иницијалното американско финансирање на градењето на ѕидот ќе се започне порано, а оти Мексико подоцна ќе им ги врати парите на САД. Портпаролката на неговата претседателска кампања, Келиан Конвеј изјави дека Трамп нема да се откаже од своето предизборно ветување дека Мексико ќе го плати ѕидот.
„Од наша перспектива ништо не е изменето. Конгресот разгледува различни опции за финансирање на ѕидот. Јасно е дека го почитуваме федерализмот, а доколку Конгресот бара различни начини за финансирање на овој проект, кој е најголем приорите на претседателот Трамп, така и нека биде“, заклучува Конвеј во изјавата за телевизиската мрежа CBS News.