25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрадиционално одбележан Бадник пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Традиционално одбележан Бадник пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“

badnik

По 25-ти пат во петокот пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во центарот на Скопје се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник.

Кум на годинешното одбележување на Бадник во Скопје е Радко Манов, извршен директор на претпријатието „ГАМА“, додека здравичар беше Љубиша Николиќ, фудбалер, тон-мајстор во пензија, водител и режисер кој целиот работен век го мина во Македонското радио.

На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм денеска присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум.

„Би сакал да го честитам Бадник на сите православни христијани, им посакувам оваа година да имаат многу здравје, бериќет, успех на секое поле и овие празнични денови да ги поминат во духовен мир заедно со своите најблиски. Исто така, сакам на сите граѓани на Скопје без разлика на нивната вероисповед, да им посакам здравје, среќа, мир и меѓусебно разбирање и почитување во новата 2017 година“, рече градоначалникот Трајановски.

Со пригодна беседа пред скопјани се обрати и Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан кој ја благослови погачата што беше поделена меѓу верниците.

По завршувањето на средбата делегација на Одборот за прослава заминаа за Злокуќани во домот за стари лица, каде на лицата кои престојуваат во него им доделија пригодни подароци за Бадник.

Народниот собир е во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“, а е поддржан од Градот Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП