6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор ден пад на европските берзи

Втор ден пад на европските берзи

berzi eu33

На европските берзи, утрово цените на акциите забележаа благ пад, втор ден по ред, а под најголем притисок се акциите во осигурителниот сектор.

STOXX 600 индексот на водечките европски акции во 9:30 часот беше во минус од 0,3 отсто, откако вчера ослабе за 0,1 отсто.

Лондонскиот FTSE во 9:30 часот беше во добивка за 0,1 отсто, додека фракнфуртскиот DAX и парискиот CAC индекс склизнаа помеѓу 0,2 и 0,4 отсто.

Откако во прите два дена од оваа година скокна за 1 отсто, во последните два дена STOXX 600 индексот забележа благ пад.

Ова утро најмногу, во просек од 0,9 отсто паднаа акциите во осигурителниот сектор, откако аналитичарите на JPMorgan ги намалија препораките за неколку осигурителни компании.

Така цената на акциите на RSA Insurance паднаа за 2,2 отсто, а Hannover Ruecha за 2,7 отсто.

За повеќе од 3 отсто паднаа и цените на акциите на Rolls-Royce, исто така поради намалените препораки од JPMorgan.

На азиските берзи цените ова утро забележаа пораст, па така MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските во 9:30 часот забележа добивка од 1 отсто.

На берзата во Токио Nikkei индексот склизна за 0,4 отсто, на 19.520 бодови, што е последица од зајакнувањето на јенот, бидејќи поради тоа јапонските извозни производи стануваат помалку ценовно конкурентни на странските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП