7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе инвестира 360 милијарди долари во зелена енергија до 2020-та година

Кина ќе инвестира 360 милијарди долари во зелена енергија до 2020-та година

A security guard stands in front of windmills used to generate energy in Shanghai November 28, 2011. REUTERS/Aly Song

Кина ќе се обиде да ја направи енергетиката позелена. Плановите на владата се да инвестира 2,5 илјади милијарди јуани (360 милијарди долари) во обновливи извори, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на извештајот на државната енергетска агенција во Кина.

Целта е да се намали користењето на јаглен, на кој се потпира секторот во моментов. Суровината е поевтина, но пак многу ја загадуваат животната средина. Квалитетот на воздухот станува многу сериозен проблем за големи области во северните делови на земјата, вклучувајќи го и главниот град Пекинг.

Според анализите на кинеските власти како резултат на политиката за промовирање на зелената енергија ќе бидат отворени 13 милиони работни места во следните пет години.

Идејата на енергетската агенција е до 2020-та година половина од новите енергетски капацитети треба да бидат ветер, вода и соларни централи, како и нуклеарни централи.

Во документот на агенцијата сепак нема проценки како ќе бидат финансирани овие планови. Секоја година ќе бидат потребни околу 72 милијарди долари за реализација на идејата.

Пред еден месец националната агенција за економско планирање соопшти дека ќе биде поддржан развојот на централи кои користат обновливи извори на енергија. За соларните централи ќе бидат вложени околу 1 илјада милијарди јуани, потсетува уште „Ројтерс“. Целта е да се зголеми пет пати капацитетот на такви централи во земјата.

700 милијарди јуани ќе бидат насочени кон централните на ветер, а 500 милијарди јуани кон водните централи, вклучувајќи и користење на геотермална енергија.

Но, дури и со оваа голема поддршка „ОИЕ“-секторот ќе одговара за само 15% од потрошувачката на електрична енергија во земјата во 2020-та година. Тоа одговара на околу 580 милиони тони јаглен. Повеќе од половина енергетски капацитети во Кина ќе продолжи да користат јаглен за производство, посочуваат уште властите во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП