17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезапамтено, Германците срушија уште еден рекорд

Незапамтено, Германците срушија уште еден рекорд

germany

Германскиот пазар на труд бележи рекордно вработеност во 2016 година од 43,5 милиони луѓе.

Ова е најголем број на вработени од обединувањето на Германија.

Според Заводот за статистика на Германија, бројот на вработените се зголемил за 425 илјади луѓе во споредба со претходната година, или 1%, пренесуваат германските медиуми.

Ова го продолжува трендот на раст на вработеноста од пред десет години.

Бројот на невработени во 2016 година е на најниско ниво во последните 25 години, и изнесуваше 2.568 милиони луѓе, што е стапка од 5,7 отсто.

Претседателот на германската индустриска и трговска комора Ерик Швајцер, очекува во тековната година да бидат отворени нови 450 илјади работни места.

Тој оцени дека Германија во 2017 година ќе оствсри економски раст од 1,2 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП