18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Нокаут“ има нова веб страница

„Нокаут“ има нова веб страница

nok

Групата „Нокаут“ од денеска има нова официјална веб страница.(www.nokaut.mk)

На бев страницата посетителите може да се запознаат со историјатот на групата, дискографијата, видео изданијата, а има и богата галерија со фотографии од бендот и настапите.

Групата не заборавила да одвои и посебно место за фановите, па така FAN’S WALL е местото на кое тие можат во секое време да им пишат нешто, да им пратат фотографија, или едноставно да ги поздрават. Во НОВОСТИ се собрани дел од интервјуата, рецензиите и статиите објавени во македонските медиуми.

Сајтот има и своја е-продавница преку која можат онлајн да се нарачуваат специјално дизајнирани аксесоари. Сега за сега, „на рафтот“ се изложени само маици со логото на НОКАУТ, но наскоро продавницата ќе биде снабдена и со други интересни и оригинални нокаутовски „сувенири“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП