17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинимален промет на Македонска берза

Минимален промет на Македонска берза

berza

Вториот трговски ден во новата година на Македонската берза за хартии од вредност заврши со минимален обем на тргување од само 2,6 милиони денари и 14 трансакции.

Во средата се тргуваше со осум хартии од вредност,. од кои дури шест имаа раст, а без промена се тргуваа две хартии.

Раст на цените имаше кај следните хартии од вредност Пекабеско, од 6,25 отсто, ТТК банка од 2,40 отсто, Охридска банка со 2,31 проценти, и кај акцијата на Гранит со 1,37, на Македонијатурист од 0,05 и на Комерцијална банка од 0,03 отсто.

Промет од над милион денари оствари единствено акцијата на Нова стоковна куќа Струмица каде преку блок трансакција беа истргувани 11 лотови, по цена од 92.250 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП