3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки

Турција најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки

turk-lira

Само втор ден откако берзите во Турција почнаа да работат во 2017-та година, но турските средства веќе доживуваат лоша година, пишува во својата анализа „Bloomberg“.

Турската лира регистрира најголем пад од сите важни меѓународни валути, откако минатиот месец инфлацијата достигна 8,53%, што е за 53 базични поени над клучната стапка за државата. Тоа се одрази негативно врз приносот на турските средства кои и без тоа се ставени под притисок поради зголемените безбедносни проблеми.

„Девалвацијата на валутата, што започна од крајот на септември, бара каматните стапки да се зголемат за најмалку 200 bps, за да се задржи реалната стапка стабилна“, вели економистот Инан Демир од лондонската „Nomura International Plc“. „Зголемувањето на каматната стапка треба да е уште поголемо, за да се поддржи приносот на лирата“, додава тој.

turk-lira1

Централната банка на земјата, која е под владин притисок да ја намали каматната стапка за да се стимулира економскиот раст, иако нивото на инфлацијата во земјата е над предвиденото, веќе зголеми горниот „рејнџ“ за коридорот на трите основни камати со 25 поени во ноември. Во истиот месец таа ја зголеми каматата по еднонеделни операции за рефинансирање со 50 базични поени до 8%, за прв пат од 2014-та година.

Можно е да има нагло забавување на инфлацијата во Турција во јануари поради воведувањето на минатомесечното зголемување на даноците и акцизите на тутунските и алкохолните производи. Тоа го смета аналитичарот од „Odeabank AS“ Сакир Туран, кој успеа да ја предвиди годишната и месечна инфлација во Турција.

Банката сепак може да одлучи да не презема конкретни решенија, бидејќи порастот на цените беше очекувано, смета Туран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП