21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупени над 14.500 тони тутун, просечна цена од 192 денари

Откупени над 14.500 тони тутун, просечна цена од 192 денари

aaaa

Од почетокот на откупот на тутунот на 15 ноември, деветте откупувачи заклучно со вчера откупиле вкупно 14.588 тони тутун, односно 75 отсто од очекувањата за годинашната реколта.

Според податоците од Државниот пазарен инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 93 отсто, односно досега се исплатени 612 милиони денари, а просечната откупна цена е 192,08 денари по килограм.

Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 252 денари за килограм.

Според првичните проценки, во реколтата од 2016 година се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун.

Договори потпишале 10 претпријатија, од кои девет го исполниле условот за откуп на тутунот, односно заклучно со 15 декември доставиле банкарска гаранција дека обезбедиле средства за таа намена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП