29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСингапур е најдобрата дестинација за странски работници

Сингапур е најдобрата дестинација за странски работници

job-rabota3

Оние кои сакаат да ја побараат својата шанса да напредуваат во кариерата, да најдат подобри плати и нов живот за своето семејство, тоа можат да го најдат во Сингапур. Ова го покажува студија на „HSBC“ меѓу странските работници во 45 држави.

73% од вработените во Сингапур се странци и се чувствуваат сигурни во однос на состојбата на локалната економија. 62% добиваат подобра плата, отколку во родните земји, а 60% можат да штедат повеќе отколку во сопствената земја.

Според податоците од анализата најдобро платени се странците кои работат во Швајцарија. Земјата го зазема петтото место на листата, отстапува по другите индикатори – можности за развој на кариерата и подобро место за семејството на странските работници. Изненадувачки, но Чешка е пред Швајцарија, токму затоа што нуди многу добри услови за семејствата (на второ место меѓу 45-те земји) и за развој на кариерата.

Најдобрите услови за семејствата на странските работници ги нуди Шведска, но земјата отстапува значително во однос на можностите за развој (31-во место). По показателот за плаќање на странски работници земјата е на шестото место и тоа ја става на осмото место во заедничката листа.

Најдобрите услови за развој дава Нов Зеланд (2-ро место во вкупната оценка), проследено со Шпанија (16-то место) и Канада (3-то место).

Во однос на плаќањето второто и третото место го заземаат Сингапур и Германија. Странските работници во Германија сепак не добиваат добри услови за развој на кариерата (27-мо место) и за семејствата (12-то место). Така најголемата европска економија во рангирањето се најде само на 10-то место во вкупната оценка за атрактивност на земјата во очите на странските работници.

Најлошо е плаќањето на странците во Италија. Земјата влегува во криза и странците ги земат во предвид лошите услови за нивните семејства (32-ро место) и за кариерен развој (21-то место). Така Италија го зазема 43-то место во заедничката листата.

Одделни градови се исто така многу привлечни за странците кои бараат реализација и нов живот. Најмногу странски работници одат кон Лондон и Њујорк, кои нудат многу добри можности за кариера. Торонто и Сиднеј пак се привлечни во однос на условите за семејствата на странските работници.

Торонто е дестинација на „постарата генерација“ работници – 25% од работниците во странска земја се над 55-годишни работници. 63% од нив се чувствуваат посигурни во овој град, отколку во сопствената држава.

Во Цирих пак платите на странците се највисоки – 44% од нив добиваат над 200.000 долари годишна плата. Странските работници во Шангај исто така уживаат во високите плати – околу 30% од нив заработуваат над 200.000 долари годишно.

Т.н. генерација „Милениум“ (на возраст меѓу 18 и 34 години) се најактивни во побарувачката на работа во странство. Главниот мотив е кариерен развој, се наведува уште во анализата на „HSBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП