На Волстрит цените на акциите се зголемија, продолжувајќи го растот од крајот на минатата година, при што меѓу најголемите победници беа акциите на технолошките гиганти Alphabet и Facebook.
Dow Jones зајакна за 0,60 отсто, на 19.881 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,85 отсто, на 2.257 бодови. Nasdaq индексот исто така забележа раст и тоа за 0,85 отсто, на 5.429 бодови.
Во првиот работен ден од новата година на најголемата светска берза, цените на акциите продолжија да се движат во нагорна линија, со кратки прекини кои траат од 8 ноември, кога Доналд Трамп победи во трката за Белата куќа.
Инвеститорите ги потикнува надежта дека плановите на Трамп во врска со намалувањето на даноците, зголемувањето на фискалната потрошувачка, инвестициите во инфраструктурата и олабавената регулатива во одредени сектори ќе придонесат за забрзување на економскиот раст.
“Пазарот се уште е во нагорен тренд кој трае од изборот на Трамп за претседател. Тој пораст е благодарение на очекувањата дека ќе се зајакне фискалната потрошувачка”, вели Томас Вилсон, директор на Brinker Capital.
Сепак, како што Dow Jones се приближува на никогаш достигнатото ниво од 20.000 бодови, некои аналитичари сметаат дека има веројатност на краткорочни силни добивки. Тие сакаат прво да видат дали Конгресот ќе ги прифати ветувањата на Трамп кои ги истакнуваше за време на предизборната кампања.
“Новоизбраниот претседател не може само да мафта со магично стапче. Ќе мора да работи со Конгресот, а досега се покажа дека на Конгресот тешко може да се постигне договор”, вели Ворен Вест од компанијата Greentree Brokerage Services.
Меѓу најголемите добитници вчера акциите технолошкиот и телекомуникацискиот сектор, како што се Facebook, Alphabet i Verizon Communications, кои поскапеа помеѓу 1,5 и 2,2 отсто.
Силно зголемување забележа и S&P индексот од енергетскиот сектор кој забележа раст од 1,15 отсто, цената на нафтата го допре највисоко ниво во последните 18 месеци, падна за повеќе од 2 отсто.
И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера забележаа раст. Лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 0,49 отсто на рекордни 7.177 бодови, а парискиот CAC 0,35 отсто, на 4.899 бодови. Франкфуртскиот DAX забележа бад од 0,12 отсто, на 11.584 бодови.