22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје истури 103 тони сол на градските булевари и улици

Град Скопје истури 103 тони сол на градските булевари и улици

ulici-skopje33

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатита ноќ фрлија 103 тони сол на  за да спречат појавување голомразица, соопштуваат од Град Скопје.

„Екипите на зимската служба со 10 возила интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот. Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите“, додаваат од Град Скопје.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, порачуваат од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП