21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез изненадувања на првиот трговски ден на Македонска берза

Без изненадувања на првиот трговски ден на Македонска берза

mb

Релативно мирно беше тргувањето на првиот трговски ден во 2017 година на Македонската берза на хартии од вредност.

Преку една блок трансакција со акцијата на Скопски пазар во вторникот беше остварен промет од 7 милиони денари, што претставуваше 83 отсто од вкупниот промет. Конкретно, беа истргувани 370 лотови по цена од 19.000 денари.

Во класичното тргување прометот изнесуваше 1,3 милиони денари и се реализираше преку 18 трансакции.

Најголем пораст на цените имаа акциите на РЖ Макстил, од 9,76 отсто, и Адинг од 9,92 проценти, додека на спротивната страна се најдоа акциите на РЖ Услуги со пад од 3,16 отсто и на Стопанска банка Скопје која се намали за 0,10 проценти.

Најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка со промет од 0,57 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП