7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и Велика Британија се поврзаа со железничка линија

Кина и Велика Британија се поврзаа со железничка линија

kina-london-696x387
Кина ja покрена прватa товарна железничка линија кон Лондон, од својата источна провинција Жејанг, јави агенцијата Xinhua.

Возот тргнува од кинескиот град Јиву, а по повеќе од 12.000 километри, за 18 дена ќе стигне во Лондон.

На тој пат ќе помине низ Казахстан, Русија, Белорусија, Полска, Германија, Белгија и Франција.

Иницијативата Лондон да стане влезна порта на Запад за кинеските инвестиции ја покрена поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, пренесе AFP.

Актуелната премиерка Тереза Меј рече дека односите со Кина се „златни“ и се обидува да привлече кинески инвестиции вредни милијарди евра во време кога Британија се подготвува да излезе од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП