19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската инфлација достигна тригодишен врв

Германската инфлација достигна тригодишен врв

lush3399

На крајот на годината инфлацијата во Германија се забрзa значително и повеќе од очекуваното, достигнувајќи го највисокото ниво од над три години, покажуваат првичните податоци од вторникот.

Растот е пред се поради растечките цени на горивото за автомобили и греење.

Од друга страна, изненадувачкиот силен скок на потрошувачките цени може да послужи како сопирачката за апетитот на Германците за шопинг, а повисоката инфлација значи реално дека корисниците имаат помалку реален приход за трошење.

Германските потрошувачки цени се зголемија во декември за 1,7% на годишна основа по раст од 0,7% во ноември, соопшти Федералната статистичка служба во вторникот. Тоа е измената на т.н. Хармонизиран индекс, кој се користи за целите на европските институции и коректно споредување со податоците од други земји членки.

Податоците, во близина на целната инфлација на ЕЦБ од речиси 2 отсто, покажуваат највисока стапка на инфлација од јули 2013-та година и посилен раст отколку прогнозата на анкетираните аналитичари од „Ројтерс“.

Нехармонизираните индекси на годишната инфлација исто така се зголемува за 1,7%, но во споредба со 0,8% во ноември.

„Ова се навистина силни податоци за инфлацијата“, вели за Ројтерс економистот од „DZ Bank“, Мајкл Холштајн, додавајќи дека негативните ефекти од ниските цени на нафтата во моментов веќе избледуваат. Затоа е најверојатно инфлацијата во Германија да ја постигне целта на ЕЦБ од близу 2 отсто во следните месеци, додава тој.

Силното обновување на инфлацијата во земјата ќе вложи „вода во воденицата“ на некои конзервативци како претседателот на Бундесбанк и критичар на политиката на ЕЦБ, Јенс Вајдман во неговиот спор за побрзо затегање на монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП