16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНационалната банка на Грција ја продава бугарската филијала

Националната банка на Грција ја продава бугарската филијала

ebl-333

Националната банка на Грција започна постапка за продажба на нејзината филијала во Бугарија, Обединетата бугарска банка, јави БТА, повикувајќи се на информација на грчкиот економски портал „Банкуорс“.

Народната банка на Грција ќе продаде 99,1 отсто од акциите на Обединетата бугарска банка, како и нејзиниот оддел за лизинг „Интерлиз ЕАД“ на белгиската банкарска групација „КБЦ Груп“ за 610 милиони евра. Консултат при продажбата е швајцарската банка „Креди Свис“.

Се наведува дека продажбата на Обединетата бугарска банка е во рамките на плановите и целите на Националната банка на Грција за нејзино преструктуирање, кое покрај на бугарската филијала, ќе опфати и продажба на нејзините банки во Кипар и Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП