17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската лира поевтини до рекордно ниско ниво

Турската лира поевтини до рекордно ниско ниво

lira-tr-33

Турската лира ослабна најмногу во однос на доларот во споредба со останатите валути на клучни држави, така што поевтини за 1,6% до ново дно – 3,60 лири за долар, соопштува „Bloomberg“.

Ситуацијата во земјата е исклучително деликатна, бидејќи напаѓачот кој уби 39 лица во ноќен клуб во Истанбул на Нова година, останува на слобода.

Во последните 12 месеци турската лира поевтини за 19%. Актуелните податоци покажаат дека инфлацијата во декември е 8,53%, што се покажа над очекувањата и со 3,5 процентни поени над целното ниво на централната банка.

Влошувањето на економската ситуација, вклучувајќи ја контракцијата на БДП-то во третиот квартал и падот на корисничката доверба во декември, придружени со зголемените ризици за безбедноста. Групата „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во клубот „Реина“, a турските власти допрва треба да го пронајдат сторителот.

„Пазарните учесници бараат знаци дека централната банка ја прифаќа сериозно заканата од повисока инфлација“, велат од „Nomura“ во Лондон. Тие прогнозираа дека валутата ќе поевтини уште повеќе и курсот ќе се зголеми над 4 лири за долар во првите шест месеци од 2017-та година.

„Додека не видиме агресивно затегнување на монетарната политика, слично на тоа од почетокот на 2015-та година, лирата ќе продолжува да е предмет на распродажба при лоши вести како најстрашниот терористички напад и нема да поскапува, кога ставовите се подобри“, додаваат од „Nomura“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП