17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДуаби ќе го гради најголемото пристаниште на Блискиот Исток

Дуаби ќе го гради најголемото пристаниште на Блискиот Исток

dubai

Емирoт на Дубаи најави нов туристички „мега-проект”, изградба на најголемото пристаниште на Блискиот Исток, со 1.400 места за јахти.

Dubai Harbour ќе има пристаниште за бродови и терминал кој ќе биде во можност одеднаш да прими 6.000 патници, соопштија од владата на Дубаи.

Главната зграда на пристаништето – светилникот ќе биде кула висока 135 метри. Во неа ќе се наоѓаат хотел и караула.

Идната марина во луксузниот крај на вештачки остров во облик на палма, ќе го зголеми вкупниот број на сидришта за јахти во Дубаи на 4.400.

Во Дубаи се наоѓа и највисокиот облакодер во светот, Бурџ Калифа кој е висок 830 метри.

Дубаи кој е едно од најатрактивните туристички места во светот, во 2015 година го посетиле вкупно 14,2 милиони туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП